Блокирана сметката на ЈП “Водовод“

04.12.2013 15:21 | KumanovoNews

 Од вчера е блокирана сметката на ЈП “Водовод“ заради долг од од 6,7 милиони денари кон Водостопанство Кумановско-липковско поле.

Блокирана сметката на ЈП “Водовод“

Пресудата е донесена во Основен суд Скопје 2, а потврдена од  Апелациониот суд.

Директорот Горан Стојковски вели дека со блокирана сметка се доведува во прашање водоснабдувањето на градот пред празниците.

Со пресметување на камати се очекува вкупниот долг да изнесува околу 9 милиони денари. Во наредниот период ЈП“Водовод“ ќе работи без пари на сметка, ќе се доведе во прашање водоснабдувањето на градот Куманово. Имаме преседан на судска одлука  каде што морам да потврдам дека најверојатно се работи за тесно партиски интерес кој директно е против интересите на граѓаните. - изјави Стојковски.

Директорот тврди дека и претпријатието има големи побарување од граѓани и фирми, а само Општата болница Куманово му должи 3 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk