БМВ со мигранти удрило во полициско возило

12.09.2019 09:50 | KumanovoNews

Во СВР Куманово, ноќеска во 2 часот по полноќ било пријавено, дека на патот кон село Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило, по што возачот побегнал со колата.

БМВ со мигранти удрило во полициско возило

Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан.

Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk