Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петгодишно дете на велосипед е повредено во населбата Бедиње, откако во него удрило „БМВ“.
Несреќата се случила вчера во 16.30 часот на ул.„11-ти Ноември“ пред влезот на „Тетовскиот Универзитет“. Додека детето возело велосипед во него удрило „БМВ„ со кумановски регистарски таблички со кој управувал З.А.(25) од Слупчане.
Детето се здобило со сериозни повреди и по укажаната лекарска помош во Кумановската болница префрлено е на лекување во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk