Бобан Бојковски нов претседател на ЛДП Куманово

04.11.2019 09:35 | KumanovoNews

Бобан Бојковски избран e за нов претседател на Општинскиот одбор на општинската организација на ЛДП – Куманово.

Бобан Бојковски нов претседател на ЛДП Куманово

Бојковски досега беше потпредседател на огранокот, а доаѓа на местото на досегашниот претседател Ивица Костовски.

Бојковски доби едногласна поддршка од делегатите на Седмото изборно собрание што вчера се одржа во ресторанот Грација.

 „На собранието обраќање имаше претседателот на партијата и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, по што беа усвоени извештаите за работата на Општинскиот и Надзорниот одбор во изминатиот четиригодишен период, а беше избран и новиот состав на Општинскиот одбор со вкупно 37 членови и новиот состав на Надзорниот одбор кој е составен од 3 членови“, - соопштуваат од ЛДП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk