Богата културна програма за Денот на Европа

08.05.2011 14:25 | KumanovoNews

 Со низа свечености и манифестации ќе се одбележи Денот на Европа и Денот на победа над фашизмот, во Куманово.

Богата културна програма за Денот на Европа

Активностите ќе започнат во 10 часот на Спомен костурницата на паднатите борци, со положување на цвеќе. Пригоден говор ќе одржи градоначалникот  Зоран Дамјановски.

Во 11 часот на Градскиот плоштад ќе следува културно-забавна програма на која ќе присуствуваат повеќе амбасадори.    

Во забавната програма ќе настапат: ученици од Музичко Училиште “Панче Пешев”, ОУ “Вук Караџиќ” гимназија “Гоце Делчев”, СОУ “Перо Наков”,ОУ “Магдалена Антова” и рок ѕвездата Дани Димитровска. Манифестацијата ќе трае до 14 часот.

Во 14 часот во зградата на Комитет ќе се одржи презентација на проектот за санација и реставрација на спомен обележјата Менкова колиба и Студена вода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk