Богослужба за Свети Сава се одржа во „Свети Ѓорѓи“ во Нагоричане

28.01.2016 11:51 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден богослужба за Свети Сава се одржа во црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане.

Богослужба за Свети Сава се одржа во „Свети Ѓорѓи“ во Нагоричане

Бидејќи црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во храмот „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски  Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, отслужи света Златоустова литургија.

Верниот народ на литургијата се причести со светите христови тајни. По завршувањето на  литургијата беше осветен славскиот колач.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk