Богослужби за Света Петка во црквата во Бедиње

08.08.2015 10:23 | KumanovoNews

Во црквата “Света Петка“ во населба Бедиње синоќа и утрово се одржаа  богослужби за празникот Света Петка, кој денеска христијанските верници го празнуваат.

Богослужби за Света Петка во црквата во Бедиње

Со богослужбите  чиноначалствуваше митрополитот Кумановско - Осоговски Јосиф.

“Има многу народ, има добра посетеност. Доаѓаат луѓе не само од Бедиње, туку и од други делови на градот. Оваа традиција постои од 1926 година. Света Петка е заштитник на населба Бедиње. Верниците палат свеќи и се причестуваат со светите христови тајни“- вели отец Антониј Стојковски.

Култот кон Света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пример во Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk