Бојкотот го преполови прометот во маркетите

01.02.2025 16:32 | KumanovoNews

Во осумте поголеми ланци на супермаркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Бојкотот го преполови прометот во маркетите

Дел од  граѓаните вчера ги бојкотираа супермаркетите поради високите цени на производите.

Од УЈП велат дека вкупниот промет на осумте поголеми ланци на маркети вчера забележал пад од 46,29 проценти во споредба со 30 јануари.

„Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година. Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари. Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари“, соопшти УЈП.

УЈП најави дека ќе продолжат со мониторирање, а Владата со контроли во супермаркетите , за да се утврди дали има злоупотреба на законот со цените во маркетите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk