Бојкотот на средношлолците продолжува, во четврток протест во Скопје

20.04.2015 09:46 | KumanovoNews

Во средните училишта во Куманово продолжува бојкотот на наставата со држење на скратени часови, а во четврток кумановските ученици ќе одат на протест пред Министерството за образование и наука во Скопје.

Бојкотот на средношлолците продолжува, во четврток протест во Скопје

Од Наставничкиот пленум Куманово велат дека професорите кои се прва смена на работа, ќе се приклучат на протестот.

“Поддршка ќе дадат од Наставнички пленум, Професорски пленум, студенти, родители и очекуваме протестот да биде масовен. Барањата на средношколците се познати. Се работи за две клучни барања за укинување на екстерно тестирање и враќање на стариот модел на полагање на државна матура, како што беше лани“- велат од Наставнички пленум Куманово.

За да издејствуваат преговори со МОН, учениците неколку денови целосно, а потоа делумно ја бојкотираа наставата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk