Бојкотот заврши, средношколците се вратија на настава

02.03.2015 09:32 | KumanovoNews

 Во сите средни училишта во Куманово денеска наставата се одвива нормално.

Бојкотот заврши, средношколците се вратија на настава

 Минатата недела учениците протестираа и делумно ја бојкотираа наставата, поради воведување на математика како задолжителен предмет за полагање државна матура.

„Наставата си тече нормално. Нема поголеми отсуства освен оние регуларните“ - вели Горан Димитријевиќ, директор на Гимназијата “Гоце Делчев“.

Истото го потврдуваат и од “Перо Наков“, “Наце Буѓони“ и “Киро Бурназ“.

“Сите ученици се на настава. Минатата недела имаше делумен бојкот, но наставата не беше прекината. Дел од матурантите протестираа и не доаѓаа на часови, а прва, втора и трета година си работеа нормално“ - рече Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

Средношколскиот пленум викендов одржал состанок во Скопје, на кој е договорено барањата да ги достават до Министерството за образование и наука. Ако надлежните немаат слух за нивните барања, ќе следуваат протести во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk