Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Општинска организација на ЛДП Куманово Бобан Бојковски, годината што одминува ја оценува за успешна, бидејќи како коалициона партија успеале да се изборат за подобра позиција на централно ниво, а на локално ниво избраа ново раководство кое ќе ја води партијата во наредните 4 години.
„Оваа година ја оценуваме за доста успешна, бидејќи се изборивме како партија на централно ниво да добиеме и министер за локална самоуправа којшто со својата работа, иако за кратко време, сепак покажа дека ако се работи чесно дека можат да се постигнат и задоволителни резултати. Пред се` се работи на активности за поголем број на ингеренции што ги има сега централното раководство, односно Владата на Република Северна Македонија, да се спуштат на локално ниво така што граѓаните на општините повеќе да учествуваат во програмирање, односно во реализирањето на комплетните активности“, вели Бојковски.
Тој додава дека новото општинско раководство во наредниот период ќе даде поголема шанса на младите, заради тоа што тие се двигател на секое општетсво.
„Јас ветив дека мора да има подмладување на општинската организација и тоа ќе го реализираме во наредниот период. Ние веќе вклучивме нови млади луѓе во организацијата и на централно ниво. Со нив ќе работиме за да се смени амбиентот на делување и ќе им дадеме прилика да ги претстават и реализираат нивните идеи. Нема да дозволиме новите луѓе во партијата да бидат бледа слика на предходните, односно ќе им дадеме простор да креираат нова слика, како што впрочем и досега го правеле нашите млади во партијата“, додава Бојковски.
ЛДП за празниците организираше новогодишна средба за своите членови, симпатизери и гости, за успешно завршената година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk