Бојковски: Покажавме како се води кон единствениот пат – либерално кон ЕУ

12.07.2020 10:30 | KumanovoNews

Претседателот на општинска организација на Либерално Демократска Партија Куманово, Бобан Бојковски, ги повика граѓаните на 15 јули да ја дадат довербата на коалицијата „Можеме“ и носителот на листата Оливер Спасовски во ИЕ2, за да продолжат со развојот на државата - по единствениот пат кој води кон Европска Унија.

Бојковски: Покажавме како се води кон единствениот пат – либерално кон ЕУ

„Овие дваесет дена кампања нашиот кандидат за пратеник од коалицијата „Можеме“ Зоран Павловски, успеја да ги посети сите населени места во Општина Куманово, да поразговара со вас, да ги презентира досегашните реализирани проекти и да ги претстави идните проекти, кои ќе допринесат вашите проблеми да бидат решени во идниот четиригодишен мандат. Покажавме дека можеме да се соочиме со најтешките проблеми и да донесуваме храбри државотворни одлуки. Покажавме како се станува членка на НАТО. Покажавме како преку подобрување на бизнис климата за развој на малите и средни претпријатија тие стануваат главен двигател на економијата во државата. Покажавме како со зголемување на платите се враќа достоинството кај работниците. Покажавме како со чесно работење на нашите кадри во институциите на државно и локално ниво се враќа довербата на граѓаните во државата како сервис за сите граѓани“, - изјави Бојковски.

Тој потсети дека покажале дека приоритет над приоритетите е родовата еднаквост и подеднаков третман на сите граѓани.

„Затоа почитувани сограѓани ве повикувам да излезете на гласање на 15 јули и го дадете вашиот глас за Коалицијата „Можеме“ и носителот на листата Оливер Спасовски, под реден број 3, бидејќи ние покажавме како се води кон единствениот пат – либерално кон Европска Унија. Ние Можеме уште подобро“, - порача Бојковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk