Бомба пукна под автомобилот на соседот

20.03.2015 13:46 | KumanovoNews

Експлозивна направа го разнела автомобилот со швајцарски регистаски таблички на улицата “Вардарска“ во центарот на Куманово, тврдат соседите.

Бомба пукна под автомобилот на соседот

“Околу 1.30 часот слушнавме силна експлозијата. Пукна бомба во автомобил на еден сосед од Швајцарија. Се скршија прозорците на куќите. Сите соседи од улицата излеговме, бевме многу исплашени.  Полицијата веќе беше пристигната и го обележала местото“ -раскажува  соседот Иса Османи.

 Сопственикот на возилото е Д.Ф.(30), со своето семејство бил дома кога се слушнала експлозијата. Тој не сакаше да зборува за настанот, а соседите велат дека експлозијата многу ги вознемирила. И граѓаните од другите делови на градот кажуваат дека експлозијата била многу силна.

 Неофицијално Д.Ф. денеска требало да патува за Швајцарија, откако му завршил одморот во Куманово.

Полицијата за случајот денеска даде многу штури информации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk