Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Сојузот на борци Куманово и на Здружение на армиски и полициски ветерани во сабота напладне, ќе го одбележат денот кога се одиграла на Страцинската битка со положување на цвеќе во истоименото село.
Ноќта на 4 спротив 5 септември 1944 година, 11 македонска бригада водела битка против бугарската војска која била во Страцин.
Во битката учествувала и 11 македонска бригада, а на одбележувањето ќе учествуваат и членови од нашиот огранок во Кратово. Ова го правиме традиционално - вели Драган Стојмановски, претседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.
Благе Јакимовски од Сојуз на борци Куманово вели дека во 11 македонска бригада имало борци од Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во сабота во 9 часот пред комитет ќе има организиран превоз за борците до Страцин, а во недела ќе одат на прослава во Кратово бидејќи токму македонската бригада го ослободила Кратово и по тој повод нивната локална самоуправа и Сојузот на борци Кратово одбележуваат јубилеј.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk