Борците во Жегљане на годишнината од формирањето на Трета МУБ

22.02.2016 14:50 | KumanovoNews

На 26 февруари, Сојузот на борците од Куманово ќе го посетат селото Жегљане, местото каде е формирана Третата македонска ударна бригада.

Борците во Жегљане на годишнината од формирањето на Трета МУБ

„Таа е составена од три батаљони: кумановскиот Јордан Николов Орце кој е формиран во 1943 година,во честа на загинатиот командат на 20 февруар 1944 година се формира батаљонот Христијан Тодоровски Карпош и третиот батаљон е преспанско-битолскиот Стив Наумов. Трите батаљони ја  формираат Трета МУБ„ - изјави Благе Јакимовски, претседател на Сојузот на борците во Куманово.

Борците од бригадата се бореле против четниците во кумановско, по што го нападнале затворот Идризово за да ги ослободат политичките затвореници. Својот поход го продолжуваат за ослободување на Велес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk