Божиќна честитка од градоначалникот Димитриевски

07.01.2022 11:33 | Сузана Николиќ

Градоначалникот Максим Димитриевски во Божиќната честитка до граѓаните на Куманово порача меѓусебно да се помагаат и да развиваат заедништво, бидејќи само така ќе имаат успешна година.

Божиќна честитка од градоначалникот Димитриевски

„Денеска, на денот кога го прославуваме Христовото раѓање, Ви посакувам добро здравје, мир во душата, љубов и почит од најблиските и неизмерна
среќа.

Да пронајдеме радост во малите нешта, да си помагаме меѓусебно и да развиваме заедништво, кое ќе ни донесе успешни години на функционирање и работење.

Со благослов од Бога и вербата во подобри денови за сите нас, да продолжиме да чекориме по патот на сигурноста, надежта и сплотеноста. Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ! Христос се роди - Навистина се роди!“, стои во Божиќната честитка на Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk