Божиновски ќе раководи со секторот правда

02.09.2013 15:02 | KumanovoNews

  Виктор Божиновски откако си поднесе оставка на функцијата директор во ЈП “Водовод„ во иднина ќе раководи во секторот за правни работи во Општината Куманово.

Божиновски ќе раководи со секторот правда

Поднесов оставка на функцијата во претпријатието поради тоа што сметам дека 7 години е доволен период човек да покаже колку може да постигне. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот за извонредната соработка што ја имавме во изминатиот период  и целосно му се ставам на располагање во извршување на наредните задачи во Општината- изјави Божиновски.

За соработката со досегашниот директор се заблагодари и градоначалникот Дамјановски.

Божиновски се враќа на местото од каде е дојден овде, а тоа е државен службеник во општината и ќе го води Секторот за правни работи, а потоа ќе имаме други промени кои што ги најавивме во изборната кампања.- рече Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk