Божиновски: Во „Водовод„ нема проневера на пари

24.02.2012 14:49 | KumanovoNews

Информациите кои деновиве се пласираат во кумановската јавност дека во ЈП „Водовод„ има огромна проневера на пари која се движи од 500 илјади до 2 милиони евра поради што инспектори за стопански криминал влегле во претпријатието, надлежните ги отфрлаат, и тврдат дека се работи за чиста шпекулација која ја пласираат луѓе што сакаат да и нанесат штета на фирмата и да го компромитираат раководството.

Божиновски: Во „Водовод„ нема проневера на пари

Апсолутно нема вистина дека се работи проневера, и за суми кои се плетат по чаршијата. Службата за книговодство во претпријатето утврди дека благајникот во Водовод, има одредени неправилности во неговото работење. По известувањето кое е доставено до секторот за економско и финасиско работење, јас формирав комисија за утврдување на сите факти, а истовремено донесов решение за негово отстранување од работа и поведување на дисциплинска постапка.За целата работа е известено и СВР Куманово со цел да дојде и да ја испита целата работа на благајникот. Од она што досега го утврдила комисијата до средината на мината година се работи за недосток од 80-90 илјади денари, незнам дали бројка ќе биде конечна, но тоа ќе утврди истрагата - вели директорот Виктор Божиновски.

Тој додава дека од полицијата сеуште не дошле да се вклучат во истрагата, но комисијата го работи својот дел. Резултатите ќе бидат познати наскоро и целиот случај ќе добие институционална завршница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk