“Браќа Миладиновци“ соработува со школо во Крагуевац

22.01.2014 15:25 | KumanovoNews

Ученици и наставници од основното училиште “Браќа Миладиновци“ го посетија збратименото училиште “Трет крагуевачки батаљон“ во Крагуевац, Србија.

“Браќа Миладиновци“ соработува со школо во Крагуевац

Посетата се реализирала по повод денот на училиштето со кое “Браќа Миладиновци“ има соработка долги години.

Имаше свечен прием и приредба по повод денот на училиштето. Ги видовме сите знаменитости во градот и културни институции. Потоа бевме на прием кај градоначалникот каде се разговараше за образовниот систем, за разликите и сличностите. Посетивме училиште за деца со посебни потреби  и планираме да се збратимиме со нив бидејќи и ние имаме паралелки со ученици со посебни потреби - објаснува Маја Поп Арсова, одделенски наставник во ОУ“Браќа Миладиновци“.

За патрониот празник на ОУ“Браќа Миладиновци“ напролет се очекува да дојдат наставници и ученици од училиштето од Крагуевац.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk