Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште “Браќа Миладиновци“ започна соработка со училиштето “Буа Ло“ од Бернавил, Франција.
Соработката ќе биде преку проекти и комуникација преку интернет, а договорена е посета на претставници од француското училиште во април идната година.
Имавме можност да присуствуваме на дел од часовите и одблиску да се запознаеме со тамошниот образовен систем на ученици од 10 до 14 години. Исто така, ние им ги претставивме нашето училиште, нашиот град и нашата земја на учениците и професорите, користејќи презентации, видеа и слики. Организиравме изложба во училишниот хол со детски ликовни творби од нашите ученици со мотиви од детскиот живот, од обичаите и културното наследство на Куманово и Македонија. Учениците и професорите од Франција беа доста заинтересирани и наидовме на позитивни реакции во врска со оваа соработка“ - вели професорката Зорица Пирганоска.
Приганоска и Емилија Николовска, професор во одделенска настава и соработник на проектот, по посетата на Бернавил се надеваат дека соработката ќе трае долги години и ќе се реализираат бројни размени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk