Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од “Браќа Миладиновци“ освоија прво место на регионалниот сообраќаен натпревар “Детски семафор“, кој вчера се оддржа во техничкото училиште “Наце Буѓони“.
Како првопласирани тие на 17 мај ќе учествуваат на државен натпревар во Скопје.
- Учествуваа екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Ранковце. Натпреварот беше со квалитетни натпреварувачи, при што нашите ученици покажаа солидни знаења и на крајот трудот кој беше вложен со недели наназад се исплатеше и добивме прво место. Натреварот се одвиваше теоретски и во вешто возење на велосипед - вели Љубиша Петковски, професор по техничко образование.
Екипно втори беа “Илинден“ од Крива Паланка и трети “Вук Караџиќ“ од Куманово. Во сообраќајно техничка култура екипно победи Гимназија “Гоце Делчев“, втори се “Наце Буѓони“ и трети “Киро Бурназ“.
Поединечно прво место освои Филип Бошковски од “Наце Буѓони“, втор е Дамјан Трајковски од “Гоце Делчев“, а трети се Емил Крстевски и Марко Тренчевски исто од “Гоце Делчев“.
“Детски семафор“ го организираше СВР Куманово во соработка со Општински сојуз за безбедност во сообраќај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk