“Браќа Рибар“ втори на регионален противпожарен квиз

11.12.2014 08:36 | KumanovoNews

Екипа од основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце освои второ место, на регионален противпожарен напревар во Свети Николе.

“Браќа Рибар“ втори на регионален противпожарен квиз

Како второпласирани не продолжуваат на државен натпревар, но од училиштето се презадоволни од постигнатиот успех.

“На општинскиот натпревар нашите ученици беа први со сите точни одговори, а во Свети Николе земаа второ место. Тие се седмооделенци, а се натпреваруваа со деца кои се 8 или 9 одделение. Материјалот добро го совладаа и секако дека тоа многу ќе им користи за понатаму во животот. Во случај на пожар ќе знаат како да се заштитат и како да реагираат“ - вели директорката Светлана Стефановска.

Пред неколку години “Браќа Рибар“ имаше забележителен резултат на противпожарните квизови кои се организираат во општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk