Браќа се испотепале со стапови за нива

02.05.2012 11:36 | KumanovoNews

 Двајца браќа од населба Карпош се испотепале со стапови за нива, откако предходно не можеле да го решат проблемот со расправија.

Браќа се испотепале со стапови за нива

Пресметката се случила вчера околу 9 часот, кога постариот брат С.М (57) со стап го удирал Т.М (46) по телото и во пределот на главата. Повредниот е пренесен во кумановска болница каде е задржан на лекување. Заради тоа што не му е утврден карактерот на повредата,  полицијата сеуште не поднела пријава против братот тепач.

СВР Куманово работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk