Бране Петрушевски нов претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

24.04.2018 07:15 | KumanovoNews

Бране Петрушевски е избран за нов претседател општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Бране Петрушевски нов претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

  Одлуката била донесена синоќа на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНE.

„Честитки до братот и до сите останати браќа и сестри, кандидати за оваа одговорна функција во партијата. Сега е моментот сите заедно, сложно и братски, од првиот до последниот член во комитетот, мотивирани како никогаш до сега, да го започнеме новиот курс на партијата во Куманово, кој ќе донесе убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и Република Македонија, - напиша на свјот ФБ профил Игор Божиновски, член на извршниот комитет од Куманово.

Во најтесен избор за прв човек на огранокот беа и кандидатите Филип Филиповски, поранешен директор на Водостопанство, Радован Ристовски, секретар на УМС, Срѓан Ивановски, поранешен претседател на УСМ и Александар Стојановски, вработен во затворот Кшање, од вкупно 17 колку конкурирале за функцијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk