Бране Петрушевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

10.12.2020 08:56 | KumanovoNews

 Досегашниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и пратеник, Бране Петрушевски, ќе го води огранокот и во наредните 4 години.

Бране Петрушевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

 На извршниот комитет на партијата, од петте кандидати кои влегоа во најтесен избор, тој ја добил довербата на делегатите за втор мандат. Информацијата за повторен избор Петрушевски ја сподели на социјалните мержи.   

- По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, на денешната седница ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ми даде втор последователен мандат за претседател на ОК Куманово. Благодарност за довербата, ќе дадам се' од себе да не ја изневерам.  Да се води еден од најголемите ОК на ВМРО-ДПМНЕ верувајте е огромна чест, но уште поголема одговорност.  Ветувам жестоко темпо на работа, борбеност и посветеност! Секој кумановец кој сака да придонесе во битката против оваа однародена и расипничка власт ќе биде добредојден во структурите на ОК Куманово. Повикувам на сеопшто обединување, бидејќи во прашање е опстанокот на Македонија, - напиша Петрушевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk