Бранителите ќе добијат споменик во Куманово

13.05.2016 13:48 | KumanovoNews

Локалната самоуправа ќе ја подржи иницијатата на невладините организации за изградба на спомен обележја за загинатите припадници на македонските безбедносни сили во воените дејствија во Куманово.

Бранителите ќе добијат споменик во Куманово

 Градоначалникот Зоран Дамјановски, вели дека локалната самоуправа нема право да гради споменици, но дека ќе одредат локација за таа намена во новата програма што треба наскоро да се донесе.

„Донесување на програма за спомен обележја е одговорност на советот на општината, но начелно имаме политичка согласност. Ние сме во преговори со бранителите од 2001-та година, бидејќи има една заложба на државно ниво во повеќе градови каде што има жртви од конфликтот во 2001-та година за давање на локација за спомен обележја, тоа ќе биде за сите заинтересирани невладини организации така што во програмата ќе бидат нотирани повеќе спомен обележја од припадници од други политички партии и други етнички заедници-, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Новите споменици ќе се постават во близина на спортската сала или во паркот покрај градскиот кеј на реката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk