Бранителите ќе слават во Пелинце

27.07.2010 14:44 | KumanovoNews

 Здружението „Бранители 2001„ од Куманово ги повика своите членови, симпатизери и граѓаните за празникот 2 Август масовно да присуствуваат на прославата која се организира во Меморијалнкиот центар АСНОМ во Пелинце.

Бранителите ќе слават во Пелинце

Со тоа ќе им одадеме почит на загинатите илинденци и борците од НОБи на сите бранителите кои животот го дале за Македонија- смета претседателот Предраг Петрушевски.

Поради голема заинтересираност и во август ќе продолѓи организираното  летување во  феријалното одмаралиште во Претор. Цените остануваат исти и изнесуваат 3600 денари за возрасни, а за деца до 12 години 2550 денари за полн пансион. Во оваа цена не е вклкучен превозот.

 Досега околу седумдесет проценти е пополнет бројот и сите заинтересирани кои сакаат да летуваат со нас треба да се пријават во просториите на Здружението на бранители 2001, најдоцна до 6 август - вели Петрушевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk