Бранителите го бараат ветениот споменик

22.06.2010 13:16 | KumanovoNews

 Здружението на бранители од Куманово денеска на прес-конфернција ја прашаа локалната власт и градоначалникот кога ќе се изгради споменик на паднатите бранители од 2001 година.

Бранителите го бараат ветениот споменик

 Куманово е единствениот град во Македонија, кој има седум загинати бранители, а досега нема никакво спомен одбележје, кое ќе не потсетува на нивното дело. Ние од здружението поднесовме иницијатива за изградба на спомен одбележје и беше усвоена на седница на Советот во 2008, но досега немаме одговор на нашето барање и немаме конкретни резултати - праша претседателот Перица Петрушевски.

Бранителите бараат од градоначалникот да го реши проблемот во најскоро време и да одреди локација за изградба на споменикот, а тие  ќе обезбедат сретства за негова изградба, преку бизнисмени и нивни пријатели.

 Сопругата на еден од загинатите бранителите Весна Коцевска истакна дека бранителите не заслужуваат игнорантскиот однос од Општината во решавањето на овој проблем.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk