Бранителите на трибина за последиците од војната

14.04.2011 15:04 | KumanovoNews

Здружението на бранители 2001 година организира трибина во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев„ утре во 18 часот.

Бранителите на трибина за последиците од војната

Тема на трибината е ,,Ублажување на последиците од воениот конфликт врз психичкото здравје на бранителите и на членовите на нивните семејства‘‘. На трибината ќе говорат и претставници на Центарот за воени трауми од Нови Сад, кои работат на изградба на мир и на проблемите на учесниците во воени конфликти на ексјугословенските простори кои боледуваат од т. н. ПИ-ТИ-ЕС, односно посттрауматички синдром. Трибината е отворена за сите бранители, членови на нивните семејства и други заинтересирани граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk