Брат скршил нос на сестра

15.02.2013 11:28 | KumanovoNews

 Кумановец ја удрил сестра му со бокс во лицето при што и го скршил носот.

Брат скршил нос на сестра

Семејното насилство се случило синоќа во 22.15 часот во нивниот дом во Куманово. Предходно  братот и сестрата се скарале, по што Т.Д.(31) физички ја нападнал Б.Д.(33), удирајќи ја со тупаници по лицето, при што и пукнала носната коска. Жената го пријавила насилникот во полиција.

На Б.Д. и е укажана лекарска помош во кумановската болница и санирана е повредaта. Полицијата работи на расчистување на случајот.

                                             
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk