Бремена кумановка ја доби првата пресуда за кршење на правата во корона-кризата

22.12.2020 12:22 | KumanovoNews

 Работничка од приватен сектор во Куманово, денес ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата.

Бремена кумановка ја доби првата пресуда за кршење на правата во корона-кризата

Како што стои во соопштението на „Гласен текстилец“, работничката за време на корона-кризата била бремена и ги користела временските мерки донесени од Владата за седење дома, поради кои била незаконски отпуштена.

„Гласен Текстилец“ го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права“, стои во нивното соопштение.

Од „Гласен Текстилец“ соопштуваат и дека Судот го поништил решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито.

Оттаму ги охрабруваат и останатите работнички да не се плашат и доколку се повредени нивните работнички права да се обратат до соодветните институции или до нивното здружение.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk