Бригадата на Југоисточна Европа донираше заштитна опрема за Кумановската болница

15.12.2020 11:05 | KumanovoNews

 Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа, кој престојува во касарната „Боро Менков“ во Куманово, обезбеди помош во заштитна опрема за Општата болница Куманово.

Бригадата на Југоисточна Европа донираше заштитна опрема за Кумановската болница

Донацијата е во вредност од 100 илјади денари, а денеска ја врачија претставниците на Комадата на SEEBRIG.   

„Сакам да искажам благодарност бригадата, бидејќи ни донираа лична заштитна опрема и со тоа ја искажуваат својата хуманост и ни помагаат полесно да се справиме во битката со ковид-19. Општата болница во Куманово од почетокот на кризата имаше хуманитарна помош од индивидуални лица, фирми, организации,  а сега и командата на SEEBRIG, која има случна мисија како нас да се бори за секој живот и покажува солидарност со нас во пресрет на Новогодишните празници, со желба за полесно справување со кризата. Гестот е исклучително хуман и е пример дека во оваа битка не сме сами,- истакна директорката Снежана Захариева.

Бригадата на Југоисточна Европа - SEEBRIG е формирана пред 21 година заради регионална соработка и безбедност помеѓу шест земји – Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, како и со цел да ги унапреди добрососедските односи помеѓу земјите- членки.

Бригадата се стационираше во касарната „Боро Менков“ во Куманово, во август годинава, а тука ќе остане шест години. Командант на бригадата е генерал Аристедеис Илиопулос.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk