Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Aмбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, денеска беше во посета на Општина Куманово.
На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски разговарале за можната соработка во сферата на образованието и спортот, како и економска соработка во индустриските зони во Куманово.
„Куманово има соработка со амбасадата на Велика Британија, благодарејќи на Здружението на полициски и воени ветерани во селото Пелинце беше поставена спомен-плоча за загинатите војници од Британската мисија во Втората светска војна, што е позитивен пример за соработката на двете земји низ историјата, - изјави Димитриевски.
Амбасадорката Галовеј истакна дека сака да се запознае со потребите и можностите за соработка на повеќе полиња и се заблагодари на гостопримството на домаќините при првата посета.
Амбасадорката и градоначалникот ги посетија средното училиште „Перо Наков“ и Градскиот затворен базен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk