Брза помош ќе добие амбулантно возило од Словачка

30.03.2017 09:48 | KumanovoNews

Амбасадата на Република Словачка во Македонија ќе донира амбулантно возило на Брзата помош во Куманово.

Брза помош ќе добие амбулантно возило од Словачка

Возилото ќе биде врачено на средината на летото откако ќе заврши административно-финансиската процедура, а донацијата денеска ја најави амбасадорот Мартин Безак  при посетата на Здравствениот дом во Куманово.

„Оваа донација е дел од проектот што го започнавме пред 2 години.Слични донации имавме во здравствените домови во Скопје и Битола, а оваа година на ред дојде Куманово.Се надевам дека возилото ќе биде корисно и дека ќе биде прво од марката Мерцедес, со овој капацитет, во возниот парк на Здравствениот дом. Вредноста на возилото е непроценлива со оглед на тоа дека возилото спасува човечки животи, - изјави амбасадорот Безак.

За помошта се заблагодари директорот Миодраг Панковски.

„Возилото е добредојдено и сакам да изразам голема благодарност. Санитетското возило-комби ќе биде наменето за Итната медицинска помош. Комплетно е опремено и ќе го збогати нашиот возен парк бидејќи секогаш се потребни возила за нашата работа„ - изјави Панковски.

Директорот нагласи дека Итната медицинска служба во градот е доволно екипирана а со новото возило ќе се зголеми квалитетот на услугите на пациентите во регионот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk