Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствениот дом во Куманово, во чиј состав работи Итната медицинска помош, ќе добие ново возило од Министерството за здравство.
- Туку што разговаравме, едно возило ќе добие и Брза помош во Куманово, - најави министерот за здравство Венко Филипче.
Министерството за здравство набави 12 нови возила кои ќе бидат распределени насекаде низ државата. Најголем дел од нив 6 ќе завршат во Брза помош во Скопје.
Кумановската Итна помош во моментот има 4 возила и 15 доктори, по два тима во смена, кои во просек интервенираат во 25 случаи на повик во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk