Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реномираната компанија за преработка на млеко и прозводство на млечни производи „Бучен Козјак“, вчера го прослави Светскиот ден на млекото и 40-тиот роденден со своите најверни потрошувачи - децата, на градскиот плоштад во Куманово.
Како општествено одговорна компанија, „Бучен Козјак“ постојано поддржува проекти за едукација и негување на вистинските вредности кај најмладите, со што дава придонес во градење на нивните личности.
„Во развојот на децата, основно е да ги учиме и за здравите навики и користењето на здрави и квалитетни производи, како што се нашите млечни производи, кои ќе им овозможат да имаат весело детство и здрав раст. Така и со овој настан, ја покажуваме грижата за нашите најмали потрошувачи, тие да бидат здрави и да растат со вистински вредности. Негувањето на традицијата е наша водилка и за следните генерации, затоа сакаме да се вткаат овие вредности и во растот на најмалите генерации, да ја сакаат традицијата, да ја негуваат и зачувуваат“, велат од „Бучен Козјак“.
На платото пред Центарот на култура, најмалите и нивните родители повеќе од три часа уживаа во богатата музичка програма на познатите ѕвезди од детска, забавна и народна музика.
Програмата, ја збогати настапот на младата и талентирана Мартија Станојковиќ, познатата Пинкова ѕвездичка, фолк пејачот Душко Георгиевски, придружуван од познатата инструменталистка Бајса Арифовска, оркестарот „Симфониум“, од средношколците на кумановската гимназија „Гоце Делчев“, дечиња од фестивалот „Распеано детство“ и „Бисерчиња“ и фолклорната изведба на ора од Детско младински фолклорен ансамбл „Срма“.
Децата имаа можност да бидат дел од креативното катче и да изработат уметнички дарби, на тема млеко и дружба со брендот на „Бучен Козјак“.
Во текот на целиот настан ги дегустираат производите на „Бучен Козјак“ и другаруваа со нивниот заштитен знак, Кравичката- маскота.
Компанијата „Бучен Козјак“ годинава ја прославува својата 40-годишнина од постоењето, како докажана и една од најуспешните компании од македонската млечна индустрија.
Нивните производи се доминантни во потрошувачката кошница на купувачите, поради континуираниот квалитет и традиционалниот начин на производство, кој ја прави уникатна на пазарот, одвојувајќи ја од конкуренцијата.
Производите на млекарницата се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија.
Компанијата „Бучен Козјак“ е основана во 1983 година, а низ својот развој чекори со јасна визија: „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи“. Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Нивното долгогодишно постоење зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk