Бучковски: Дајте ни шанса да ги обединиме граѓаните

18.04.2014 12:32 | KumanovoNews

Владо Бучковски, носител на листа на Коалицијата за позитивна Македонија, денеска во Куманово ги повика кумановци да гласаат за една поинаква Македонија, за обединување и помирување на сите граѓани.

Бучковски: Дајте ни шанса да ги обединиме граѓаните

Дајте ни шанса заеднички да го направиме тоа во периодот кој претстои. Гласајте за нашата листа на пратеници, затоа што ние знаеме, ние имаме искуство, затоа што не сме почетници ниту во политиката, ниту во своите професии. Ние не ја бараме вашата доверба заради тоа што немаме своја професија и немаме изградено свој авторитет и кредибилитет во средините од кои доаѓаме. Искуството  мое, на професорот Дума, искуството на Ирена, на Цоки, Стојанче, на професорката Штефица се гаранција дека овде го имате изборот за кој треба добро да размислите - изјави Бучковски.

Тој најави дека во вторник во 19 часот во кино Козјак ќе ги промовираат кандидатите за пратеници и изборната програма.

Бучковски очекува во идниот парламентарен состав да имаат од 5 до 9 пратеници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk