Бугарија ги отвори границите за македонските државјани

10.10.2021 09:27 | Сузана Николиќ

Поради намалениот број случаи на коронавирусот, Република Бугарија од денеска ги повлекува рестрикциите за македонските државјани, со што Северна Македонија од црвена, преместена е во портокалова зона.

Бугарија ги отвори границите за македонските државјани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од денеска Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија. 

Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk