Бугарка фатена со хероин на Табановце

29.05.2015 10:53 | KumanovoNews

Бугарска државјанка е фатена со 200 грама хероин на граничниот премин Табановце.

Бугарка фатена со хероин на Табановце

С.П.С.(39) од Благоевград, Бугарија завчера околу 18 часот се пријавила на граничен премин Табановце, за излез од државата при што со себе носела патна торба. При рутинската контрола царинските службеници и полициските службеници од Табановце, селектирале патници за проверка меѓу кои била и бугарската државјанка. При контрола на торбата се најдени две полиетиленски пакувања со 200 грама прашкаста материја. По извршена контрола утврдено е дека се работи за хероин. Дрогата била наменета за наркопазарот во западноевропските земји.

С.П.С. е лишена од слобода, и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk