Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Армиски и полициски ветерани од бугарските градови Ќустендил и Дупница утре ќе положат цвеќе на гробовите на загинатите бугарски војници во Втората светска војна во село Страцин.
„Се работи за бугарски војници кои загинале во битка во Страцин на 24 октомври 1944 година. Потоа бугарските армиски и полициски ветерани ќе остварат средба со кумановските колеги во клубот “Христијан Т.Карпош“- вели Киро Соларски, организационен секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани Куманово.
Кумановските и бугарските ветерани лани потпишаа меморандум за соработка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk