Бугарски автобус се превртел на патот Куманово-Крива Паланка

03.02.2016 09:00 | KumanovoNews

Бугарски автобус вчера се превртел на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Опила, при што 5 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 21 патник со телесни повреди.

Бугарски автобус се превртел на патот Куманово-Крива Паланка

Возачот Л.И.(47) од Бугарија управувајќи автобус со бугарски регистарски  броеви околу 21.30 часот, кога дошол на критичното место кај Опила изгубил контрола над автобусот, излетал од патот на десната страна  гледано во насока на движење, по што удрил во дрво и се превртел на десната бочна страна.

Повредените се однесени во Ургентен центар во Крива Паланка каде им е укажана помош. По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk