Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за рурален развој Бујрум ќе истражува колку транспраентно работат четири општини во североисточиот регион.
- Главна цел на проектот е промовирање и поттикнување на транспарентно и отчетно владеење. Со спроведувањето на овој проект ќе се настојува да се подигне нивото на свесност и специфично знаење на граѓанското општество и да се изградат капацитети за следење на работата на локалните власти со што се очекува поттикнување на натпревар помеѓу општините за добро и транспарентно владеење - велaт од Бујрум.
Истражувањето ќе опфати 43 општини во 8 плански региони во земјава и истото ќе го реализираат 8 невладини организации.
Методологијата на работа е по примерот на загребската невладина “Гонг“ и за наодите од истражувањето ќе биде направена ранг листа и студија.
Овој проект е финансиран од Европската Унија и ќе трае 18 месеци.
Проектот го спроведува здружението Бујрум во соработка со Центарот за истражување и креирање политики од Скопје преку проектот ЛОТОС. Покрај граѓанскиот сектор во реализација на проектните активности како стратешки партнери се и Државната агенција за спречување на корупција и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk