Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на графики, објекти и видео со наслов “Буквата за себе и човекот“ на авторката Ана Јовановска.
Делата од оваа изложба заокружуваат еден процес презентиран преку графики (традиционални и нетрадиционални), објекти и видео. Ова визуелно истражување е обид за разработка на човековиот придонес за неговата човечкост, односно за човековата природа во човековото општество на паралела со јазикот и прикажување на поврзаноста на структурите во општеството преку структурите кои ги нуди јазикот.
Ана Јовановска е родена 1991 година во Куманово, Македонија. Дипломирала при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија во мај 2014 година, како графичар и графички дизајнер.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk