Бурекџилниците во стамбените згради ќе работат до 23 часот

16.09.2013 11:19 | KumanovoNews

 Од 1 ноември ќе стартува зимското работно време за занаетчиите во градот, при што за бурекџилниците и пекарниците сместени во колективни згради ќе работат еден час пократко.

Бурекџилниците во стамбените згради ќе работат до 23 часот

Пекарниците и продавниците за продажба на бурек и бели печива, кои се сместени во колективни станбени згради во зимскиот период ќе работата од 6 до 23 часот, а не како досега до полноќ. Оние што се во сопствени куќи или објекти надвор од колективни згради останува да работат по старо од 6 до 24 часот. Исто така во иднина недела ќе е работен дена, а не како што претходно предвидуваше одредбата да не се работи.- вели Зоран Павловски, раководител на сектор за администрирање на приходи во Општина Куманово.


Измените на работното време се направени на барање на самите бурекџилици, пекари и Регионална занаетчиска комора.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk