Цариниците запленија авто делови на Табановце

23.11.2015 14:11 | KumanovoNews

Минатата недела 586 автоделови, откриени се во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови на Табановце.

Цариниците запленија авто делови на Табановце

Во првиот случај, при контрола на српски камион управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во две картонски кутии, сместени под креветот во кабината на возилото, се пронајдени 580 разни авто делови. Нивната вкупна вредност е  околу 140.000 денари.

Во вториот случај, на патниот правец Табановце – Куманово, во соработка со припадници на МВР, била извршена контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, при што под хаубата на возилото, во просторот околу моторот се пронајдени  3 егер вентили и 3 полуосовини за патнички возила марка Голф и Шаран.

Во двата случаи, непријавените автоделови се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Уште 38 нови фарови и стоп-светла за различни возила, откриени се при контрола на автомобил со привремени германски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.  Непријавените производи се пронајдени во неколку кутии со облека, сместени на задното седиште и во багажникот на возилото. Автоделовите се привремено задржани, а против возачот  поведена прекршочна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk