Цариник лажел дека дарувал крв, па го фатиле

04.08.2012 11:20 | KumanovoNews

 Царински службеник од Куманово доставил потврда на работа дека дарувал крв, но по извршената проверка било утврдено дека таа не е валидна.

Цариник лажел дека дарувал крв, па го фатиле

Според информацијата на царината, тие ги контактирале медицинските установи кои ги издале потврдите, при што било откриено дека на наведениот ден царински службеници воопшто не учествувале во акција на дарување крв.

За цариникот до Куманово и уште двајца од Битола, во тек е постапка за утврдување на кршење на работниот ред и дисциплина.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk