Царинска испостава Табановце најуспешна во четвртиот квартал

05.03.2015 14:11 | KumanovoNews

Царинска испостава Табановце е најуспешна царинска испостава, која врши патнички  промет во државата, за последните три месеци мината година.

Царинска испостава Табановце најуспешна во четвртиот квартал

Изборот се врши секој квартал согласно исполнетост на планови за работа и критериум за обем на работа. Изборот се прави за да се поттикне натпреварувачкиот дух, а од почетокот на 2015 година се воведени критериуми за избор на најдобар царински службеник.

Во царинарницата Куманово, покрај царинската испостава Табановце автопат спаѓаат и: царинските испостави Табановце-железница, Куманово, Дебе Баир и Пелинце.

(фото:  Пред еден месец на Меѓународниот ден на царината, на Табановце на царинските службеници од Србија им беа поделени признанија за успешна соработка)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk