“Cаsа мiа by DBD“ отвара нов салон во Куманово

16.06.2014 10:15 | KumanovoNews

Компанијата “Каса миа- ДБД“ во среда ќе отвари нов салон за санитарија, керамички плочки, бои и лакови, на булеварот “Октомвриска револуција“ бр.30., спроти Спортската сала.

“Cаsа мiа by DBD“ отвара нов салон во Куманово

 - Ги повикуваме сите граѓани на Куманово да дојдат на свеченото отварање и да се уверат во широкиот асортиман и квалитет на нашите производи од познати светски, реномирани дизајнери и брендови - вели Бобан Доневски, менаџер во “ДБД“ сестринска фирма на “Каса миа“.

“ДБД“ работи 23 години и е познат бренд во големопродажбата, а “Каса миа“ постои веќе една година  и има за цел да ја прошири малопродажната мрежа.

Овие компании се познати по својата професионалност и висок квалитет не само во државата туку и во регионот.

 Свеченото отварање ќе биде во среда во 18 часот, по што ќе следи забава за посетителите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk