Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Casa mia", синоќа отвори продажен салон на булеварот Октомвриска револуција.
Новиот салон располага со богат избор на санитарија, бои и лакови по поволни цени прилагодени за сечиј џеб.
- Имаме производи од најефтини до најскапи, но сакаме да држиме едно средно ниво за да можат сите да купат од нашите производи. За да бидеме поблиску до нашите потрошувачи, а и тие до нас решивме да отвориме салон на едно мошне фреквентно место каде што се наоѓа кејот и Спортската сала. Решивме нашата успешна приказна да ја продолжиме тука. Располагаме со продавница која се вика „Outlet", каде што можат да се најдат сите производи на акција кои ги нуди “Casa mia" by DBD. "Casa mia" исклучиво работи со малопродажба, постои една година и решивме да направиме нешто ново. Оваа приказна нема да застане тука, сигурно ќе продолжи во другите градови низ Македонија, па дури имаме планови и за регионот - изјави Бобан Доневски, менаџер на "Casa mia".
Салонот е со површина од 140 квадрати и продавница во долниот дел од 80 квадрати.
"Casa mia" е сестринска фирма на успешната кумановска компанија ДБД и нуди квалитетни производи од италијански, шпански, германски и турски фирми и е лоцирана на Октомвриска револуција бр.30.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk