Ќе излезе од печат „Исплетена детска среќа“

28.09.2015 12:43 | KumanovoNews

Во фаза на печатење е книгата “Исплетена детска среќа“ на Божана Трајковска.

Ќе излезе од печат „Исплетена детска среќа“

Книгата наскоро ќе излезе од печат и до крајот на месец октомври ќе биде промовирана пред кумановската јавност.  Оваа збирка содржи 86 песни за деца.

Темите се од секојдневниот живот. Песните се пишувани со ритам и рима. Рецензентот за неа напиша дека може да послужи како учебник за деца. Во последно време имаше апел од Министерството за култура да се пишуваат книги за деца и тоа ме поттикна да ја напишам оваа збирка - рече Трајковска.

На Трајковска ова и е 8-ма по ред објавена книга, а во ракопис има повеќе книги за кои се надева дека во иднина ќе ги издаде. Промоцијата на “Исплетена детска среќа“ е поддржана од Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk